Дефинитивно: Без Мекиќ и против Унгарија!

26
ФОТО: KFSM.MK

Поради проблемите со десното колено, еден од најискусните играчи во нашиот сениорски тим ќе мора да помине десетдневен лекарски третман.

Адем Мекиќ нема да биде во финалните 12 во изборот на селекторот Марјан Илиевски за средбата со унгарија која се игра утре вечер (19.часот) во салата на СРЦ „Кале “ во Скопје.

Искусниот кошаркар се обиде, да се врати назад во некој нормален тренажен процес. Но работите не одеа според неговите очекувања.

Мекиќ е заедно со тимот во „базата“ во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, но ќе го пропушти овој последен меч од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Проблемите кои почнаа уште при она гостување во Романија, се посилни од мојата желба за играње. Лекарскиот тим констатираше дека станува збор за истегнување на лигаамент на десното колено, и нивните препораки се дека треба да „поминам“ десетдневен лекарски третман за да биде санирана оваа ситуација, која за жал ме одвои од тимот во оваа фаза од претквалификациите. Тука сум со тимот, остануваме оптимисти пред дуелот со Унгарија“ вели Мекиќ.

ПретходноФФМ потврди: И официјално Преспа е второлигаш!
СледноАрсими се засили со Семир Џемаили!(ФОТО)