Дон Карло ќе ја шокира јавноста за Винисиус!

282
Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X

Како што објавува Фабрицио Романо, селекторот на Бразил и тоа како ќе ја шокира јавноста во таа земја, па и во светот. Имено тој нема намера да го повика Винисиус Жуниор за претстојните квалификациски мечеви на Бразил за СП 2026.

Интересно во секој случај. Ако се знае дека на првата средба против Чиле, напаѓачот на Реал Мадрид нема право на настап поради суспензија, тогаш се поставува прашањето зошто Вини нема да биде повикан за следниот натпревар со Боливија туку ќе остане во Мадрид и ќе си тренира со останатите играчи на Реал кои не се репрезентативци на своите земји.

Ајде да видиме дали навистина Дон Карло има намера ова да го направи или под притисок на јавноста во Бразил, сепак ќе попушти.

ПретходноНи Грилиш не им помогна: Лидс со гол од пенал славеше против Евертон!
СледноАрсенал и официјално ја отфрли понудата на Реал Мадрид за размена на играчи!