Новак пристигна на УС Опен и веднаш замина на тренинг!(ВИДЕО)

72

После две децении од својот прв настап на УС Опен, Новак Ѓоковиќ присигна на познатиот тениски комплекс со намера токму овде да дојде до 25-тиот Гренслем трофеј во својата блескава кариреа.

Најдобриот тенисер на сите времиња по доаѓањето веднаш замина на тренинг, и со тоа стави крај на сите шпекулации около тоа дали ќе учествува на овој последен Гренслем во годината.

УС Опен 2025 ќе се одржи од 24 август со 7 септември.

Пред да се посвети на сингл натпреварувањето тој ќе биде дел и од мешовитите двојки заедно со својата сонародничка Олга Даниловиќ.

Последните информации велат дека Новак се чувствува сосема добро и дека нема траги од евентуални повреди.

ПретходноЛина со скок од 73 места на ВТА листата!
СледноДенеска почнува ОХРИД 2025: Вардар на стартот против Динамо Панчево!