Ракометарите на Алкалоид вечерва ја продолжија победничката серија во подготвителниот период. По триумфот над Сесвете, вечерва момците на Кире Лазаров славеа и против екипата на Целје Пивоварна Лашко со 44:33.
Ова е важна победа за одржувањ ена самодовербата кај тимот, кој наскоро го очекуваат квалификациите за групната фаза од ЕХФ Европската лига. Во продолжение Алкалоид треба да одигра уште најмалку две контроли.