Англичаните го одбраа „Тимот на сезонатa“ 2024/25, Салах е најдобриот фудбалер!

29

Здружението на професионални фудбалери (PFA) денеска го објави „Тимот на сезоната“ во Премиер лигата, врз основа на перформансите на играчите во сезоната 2024/25.

Во најдобрите 11 за минатата сезона во англиската елита се најдоа:

Голман: Матс Селс (Нотингем Форест);

Дефанзивци: Вирџил ван Дијк (Ливерпул), Милош Керкез (Борнмут, Ливерпул од летото 2025), Вилијам Салиба (Арсенал), Габриел (Арсенал);

Играчи од средниот ред: Деклан Рајс (Арсенал), Рајан Гравенберх (Ливерпул), Алексис Мек Алистер (Ливерпул), Мохамед Салах (Ливерпул);

Напаѓачи: Александар Исак (Њукасл), Крис Вуд (Нотингем Форест).

Покрај тимот на сезоната, Мохамед Салах беше избран за најдобар фудбалер во Премиерлигата за минатата сезона, додека за најдобар млад фудбалер наградата отиде во рацете на Морган Роџерс од Астон Вила.

ПретходноНа местото на повредениот Лукаку, Наполи го носи најдобриот стрелец од Белгија
СледноГарначо го одбил Баерн, сака само во Челзи