Арсенал и официјално ја отфрли понудата на Реал Мадрид за размена на играчи!

64
ФОТО: FC Arsenal/FB

Нема ништо од размената на играчи меѓу Реал Мадрид и Арсенал. Имено раководството на клубот од „Емирејтс“, отфрлил било каква идеја Салиба да се пресели во Мадрид а Родриго да оди во Лондон.

Не дека Микел Артета не беше заинтересиран за Бразилецот ова лето, но откако дојде Виктор Ѓокереш јасно е дека Родриго не е опција за Арсенал.

Уште повеќе што Салиба е клучен играч на Арсенал во одбраната, па така Артета секако дека нема си дозволи таков луксуз да остане без еден од своите најдобри играчи во тимот.

Инаку Реал Мадрид е заинтересиран за Французинот во дресот на Ливерпул, исто дефанзивец, Ибрахим Конате кој до крајот на преодниот рок би можел да се пресели во Мадрид ако “Редси“ успеат да го комплетираат трансферот на Гуеи од Кристал Палас.

ПретходноДон Карло ќе ја шокира јавноста за Винисиус!
СледноЛина со скок од 73 места на ВТА листата!