Вулверхемптон се засили со Чачуа

23

Интернационалецот од Камерун, и досегашен член на тимот на Верона, Џексон Чачуа, е нов играч на екипата на Вулверхемптон. Тој за 12.5 милиони евра, пристигнува во Премиер лигата и потпишива петгодишен договор со Волфси.

Чачуа помина две сезони во Верона, за кои постигна два гола и имаше пет асистенции во 64 натпревари во сите натпреварувања.

За информација, камерунскиот интернационалец е фудбалерот кој разви најголема брзина во Серија А во сезоната 2024/2025, а истата гласи 36,3 км/ч.

ПретходноПелистер ќе игра како домаќин во Кавадарци
СледноЕчевери оди на позајмица во Баер