Македонскиот младински репрезентативец, Матеј Гаштаров изминатиот викенд го имаше официјалното деби за првиот тим на Црвена Звезда на гостувањето кај Младост Лучани.
Офанзивецот влезе во 88.минута влезе во игра и со тоа влезе во аналите на македонскиот фудбал, како уште еден играч кој заиграл за реално легендарниот тим од Белград.
„Секако дека сум пресреќен за она што ми се случува. Добро знам кој се Панчев и Најдоски, и нормално е да бидат мои идоли, да сакам да ги достигнам нивните успеси во црвено – белиот дрес. Добро знам како минуваат македонците на Маракана. Сакам и моите соиграчи Горазд Ристовски и Младеновски да го дочекаат дебито. Сигурен сум дека наскоро ќе се случи тоа“ – рече Гаштаров за медиумите во Србија.