Денеска почнува ОХРИД 2025: Вардар на стартот против Динамо Панчево!

84
ФОТО: GRK Ohrid/FB

Денеска на програмата е првиот ден од силниот меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“ или Охрид 2025 (19.08-23.08.). Турнир кој за само некоја година постоење се промовираше во еден од најсилните ракометни манифестации на овие простори.

Вчера беше одржана и прес – конференција, сите учесници си ги кажаа своите очекувања на турнирот, а промотор на турнирот е славниот Лино Червар. Мечевите се играат во салата “Билјанини Извори“ во Охрид.

Учество ќе земат осум екипи кои се поделени во две групи:

А-група: Охрид, Киндил, Нексе, Партизан.

Б-група: Вардар, Е. Пелистер, Динамо Панчево, Тримо Требње.

Инаку таа чест да го отворат турнирот Охрид 2025, ќе ја имаат екипите на Вардар и Динамо Панчево, во меч кој се игра од 16:30 часот.

Нешто подоцна Охрид се среќава со Киндил од 18:45 часот, а последниот меч денеска од 21 часот ќе го одиграат Партизан и Нексе.

Секако дека ракометната јавност во Македонија, а и на овие простори со голем интерес ќе ги следи настаните од Охрид во следните неколку дена.

ПретходноНовак пристигна на УС Опен и веднаш замина на тренинг!(ВИДЕО)
СледноЕнрике во проблеми: Војната во Украина може да направи хаос во ПСЖ!