Деспотовски во тимот на колото во Србија

34

Македонскиот репрезентативец Стефан Деспотовски е дел од идеалните единаесетмина во шампионатот на Србија, за изминатото викенд коло.

Деспотовски и неговиот тим, ОФК Београд на гостувањето кај ТСЦ Бачка Топола извојуваа победа од 1:3, во која што Деспотовски учевствуваше со асистенција за вториот гол.

Ова е негово второ додавање за погодок од стартот на сезоната што ќе рече дека се наоѓа во одлична форма. Тој дебитантскиот настап за репрезентацијата на Македонија го имаше на гостувањето кај Казахстан каде извојувавме одлична победа од 0:1.

 

ПретходноАхмат Грозни со официјална понуда за Даниел Донгмо
СледноЈован Манев и официјално во Нови Пазар