Енрике во проблеми: Војната во Украина може да направи хаос во ПСЖ!

136
Фото: ПСЖ Твитер

Иако не така спектакуларно како во минатата сезона, сепак ПСЖ и оваа ја почна со победи. Го освои Супер Купот на УЕФА, а и со победа стартуваше во Лига 1 во сезоната 2025/26.

Инаку фановите на европскиот првак, а посебно медиумите во Франција, стравуваат од вистински хаос во тимот на Луис Енрике, посебно во соблекувалната.

Имено во очекување на официјализирање на трансферот на Иља Забарњи, се стравува од тоа како ќе реагира на доаѓањето на Украинецот, голманот Матвеј Сафонов кој е Русин и сега се е јасно. Војната во Украина и натаму трае со сета своја жестина и секако дека ќе си има последици и во ПСЖ.

Некогашниот стопер на Борнмут, кој за 60 милиони евра дојде во Париз од Борнмут познат е по своите коментари за нападот на Русија врз Украина, посебно на социјалните мрежи па интересно е како на тоа ќе реагира Сафонов.

Во секој случај нема да му биде лесно на Луис Енрике.

ПретходноДенеска почнува ОХРИД 2025: Вардар на стартот против Динамо Панчево!
СледноФФМ со поддршка за клубовите: Укината котизацијата за ВМФЛ!