Ечевери оди на позајмица во Баер

27

Инаку свежо повиканиот играч за репрезентацијата на Аргентина, и член на тимот на Манчестер Сити, Клаудио Ечевери, ќе замине на едногодишна позајмица во тимот на Баер Леверкузен.

Според последните информации, двата клуба се договорија на ваков начин да го решат проблемот со поголемата минутажа на Ечевери во следниот период, нешто што во Сити многу тешко може да му биде овозможено.

Баер ќе се обврзе и да го плаќа, што е многу важно, а 19. годишниот аргентинец денеска ќе ги обави и прегледите во новиот клуб.

Тој е дете на Ривер Плата, а пристигна во Сити во јануари 2024 година за 18.5 милиони евра.

 

 

ПретходноВулверхемптон се засили со Чачуа
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)