Охрид 2025: Вардар со победа над Динамо (П) го отвори турнирот „Крсте Андоновски“

77

Ракометарите на Вардар со победа го почнаа настапот на традиционалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Екипата на Вардар славеше на денешниот премиерен натпревар против Динамо Панчево со 29:27.

„Црвено-црните“ одиграа едне квалитетен меч во две полувремиња, иако и Динамо Панчево одлично се држеше. Сепак, мора да се спомене дека Вардар не беше комплетен. Новиот тренер Иван Чупиќ денеска не можеше да смета на повредените Борозан и Стаменковиќ, а не играа ниту Пинто, Лазаревски и Еспиња.

Атанасовски со 6 гола заврши како најдобар стрелец кај „вардарци“.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 2.КОЛО: Матиќ “царуваше“ во Кавадарци!
СледноЛудогорец со Мачадо против Шкендија