Ракометарите на Охрид со убедлив триумф од 39:25 го започнаа настапот на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Во салата „Билјанини Ивори“ вечерва, домаќинот на турнирот се чини немаше тешка задача против претставникот од Фарските Острови, екипата на Киндл од Торшавн.
Охриѓани го контролираа мечот во сите 60 минути. По првиот дел веќе направија сериозна предност од 8 гола (21:13), а не попуштија во ритамот ниту во вториот дел. Момците на Ројевиќ покажуваат дека се решени да одат на највисок пласман и на овој турнир, откако пред само неколку дена триумфираа во Струга.
Во последниот меч вечерва на турнирот ќе играат Партизан и Нексе.