Поради забрзана, и интензивна работа на стадионот Петар Милошевски во Битола, а во пресрет на квалификацискиот дуел кој репрезентацијата на Македонија до 21. година ќе го игра против репрезентацијата на Италија во рамките од новиот квалификациски циклус на 9 септември токму на овој стадион, тимот на Пелистер својот следен дуел како домаќин од ПМФЛ шампионатот против тимот на Шкупи ќе го одигра како домаќин во Кавадарци.
Оваа одлука е донесена во текот на денешниот ден, а е во насока на што подобра состојба на стадионот во Битола пред историскиот дуел на младите селекции.
Мечот против Шкупи е закажан за 25 август.