Вицешампионот во НБА лигата, Индијана, ќе го продолжи договорот со Рик Карлајл. Главниот тренер на „Пејсерс“, се согласил на долгорочно продолжување на договорот со клубот, според информациите од инсајдерот Марк Штајн.
Минатата сезона, Карлајл ја предводеше Индијана до финалето на НБА, каде што загуби од Оклахома Сити со 3-4.
Карлајл се врати во Индијана во 2021 година и имаше скор од 157-171 во регуларната сезона и 23-17 во плејофот во последните четири сезони.
Во 2011 година, Карлајл ја освои титулата во НБА како главен тренер на Далас.