Секако дека кога се прави избор за нај, нај, треба да се слушнат сите аргументи, добро да се иззанализира, па да се претстави на јавноста твојот избор. А според „СпортСпорт“, играч на 2.коло во ПМФЛ е Мислав Матиќ, дефанзивецот на Вардар. Секако и поради победата на неговиот тим во една таква зовриена атмосфер во Кавадарци, за двата гола на Вардар беше најзаслужен, еден е негово дело, потоа уште во два наврати опасно се закани кон домашниот гол и кога беше најпотребно беше перфектен во одбраната.
Затоа Матиќ е играчот на колото. Покрај него во тимот на колото од Вардар се и Тодоровски и Мато. Од Башкими тука се Јашар, Личина и Мемети, од Струга ТЛ во ова друштво се Радески и Компаоре, од Шкендија во тимот на колото се Адеми и Красниќи, а од Пелистер дефанзивецот Ристевски.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МИСЛАВ МАТИЌ
Тим: Вардар
Роден: 06.01.2000 во Сињ (Хрватска)
Кариера: Јунак Сињ, Локомотива Загреб, Рудеш, Минај, Шибеник, Широки Бријег, Вардар