Две дерби средби на стартот на сезоната, две победи и максимални шест бода. Тоа е Гоце Седлоски. Да се победи Тиквеш пред 5.000-6.000 домашни фанови среде Кавадарци, секако дека не е мала работа. А Вардар одигра навистина според замислите на својот тренер. Мудро, трпеливо, знаеше што сака и како да дојде до тоа што го сака.
Кога ќе го гледаш Вардар и да не знаеш кој е тренер, ќе си кажеш ова мора да е Седло.
Секоја чест за Муарем (Башкими), Шкемби (Струга ТЛ) и Беќири (Шкендија), ама според СпортСпорт и во ова 2.коло тренер на колото е Гоце Седлоски од Вардар.
Тие Тиквеш – Вардар 1:2 се од екстра значење.