У-16 ЕП Б-дивизија: Со тимска игра до што подобри резултати

19
ФОТО: KFSM.MK

Женската репрезентација на Македонија „Под 16“ години денеска отпатува за Турција, каде веќе од утре ќе ги започне настапите на ЕП од Дивизијата „Б“ за оваа возрасна категорија.

А селекторот на овој наш национален тим, Оливер Стојмановиќ, говори за периодот кој помина, оној подготвителниот:

Подготвителниот период го започнавме непосредно пред почетокот на олимпискиот младински фестивал кој се одржа во Македонија. На тој олимписки турнир одигравме пет одлични натпревари со многу силни репрезентации од самиот врв на „А“ дивизијата, кој што ни помогнаа да видиме со што располагаме во дадениот момент, бидејќи настапивме со некомплетен состав, имавме пет играчи во репрезентацијата У18 која настапи на Eвропското првенство. По комплетирањето на екипата одигравме две пријателски средби со селекцијата на Бугарија кои ги искористивме што подобро да ја воиграме екипата“ – појаснува Стојмановиќ.

Што е тоа што сметаш дека е некоја наша предност во однос на ривалите во групната фаза од првенството?

Како предност на нашиот состав на ова Европско првенство ја гледам тимската игра и еден доста избалансиран ростер во кој може да одиграат сите 12 играчи“.

Каков пласман можеме да очекуваме, кој е некој краен дострел на оваа наѓа селекција?

На ова Европско првенство се наоѓаме во многу квалитетна група со репрезентациите на Грција,Литванија,Бугарија и Украина, и би биле презадоволни доколку би се пласирале на некоја од првите три позиции во групата“ – смета селекторот на нашата женска кадетска селекција пред заминувањето за Турција.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Без некои промени, би се рекло стандарден, кога станува збор за овие натпреварувања.

Селекциите се поделени во четири групи (три со пет, и една со четири) од кои првопласираните две од секоја група ќе обезбедат пласман во ТОП 8 фазата, односно онаа преку која ќе се бараат идните учесници на ЕП од Дивизијата „А“ во оваа возрасна категорија.

Во вториот дел ќе се играат елиминациски натпревари според системот (А1-Б2, Д1-Ц2, Б1-А2, Ц1-Д2). Четирите победници во четвртфиналето, обезбедуваат пласман во полуфиналето, поразените ќе разигруваат за пласман од 5. до 8. место.

Националните тимови кои првата фаза ќе ја завршат на третото односно на четврттото место ќе играат за пласман од 9. до 16. место, додека пак оние кои ќе бидат петто односно шестто пласирани ќе разигруваат за позициите од 17 до 19.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Нашата женска кадетска репрезентација ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 20. август (среда), од 17. часот, кога во кошаркарскиот центар за развој „Ц3“ во Истанбул, следува натпреварот против селекцијата на Грција.

По еден ден пауза, на 21. август, од 12.часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Бугарија. На 24.август од 19.30 часот, за противник ја имаме Литванија.

А по уште еден ден одмор, оваа прва фаза од првенството ќе ја затвориме на 25. август, од 17.часот, кога Македонија игра против репрезентацијата на Украина.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО „ПОД 16“ – ЖЕНИ – ДИВИЗИЈА „Б“ – ИСТАНБУЛ

ГРУПА А: Австрија, Турција, Исланд, Ирска, Швајцарија;

ГРУПА Б: Словачка, Шведска, Холандија, Луксембург, Азербејџан;

ГРУПА Ц: Данска, Португалија, БиХ, Норвешка;

ГРУПА Д: Литванија, Грција, Бугарија, Украина, МАКЕДОНИЈА;

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

20. АВГУСТ (СРЕДА)

17.00: Грција – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/p2cdtS10y0s?si=dU-_Euftrvad9YPn

19.30: Украина – Бугарија

Литванија – слободна

21. АВГУСТ (ЧЕТВРТОК)

17.00: Бугарија – Грција

19.30: Литванија – Украина

МАКЕДОНИЈА – слободна

22. АВГУСТ (ПЕТОК)

12.00: МАКЕДОНИЈА – Бугарија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nuSVLWmscHo?si=__xiy9zgTZ0GQsUU

19.30: Грција – Литванија

Украина – слободна

23. АВГУСТ – СЛОБОДЕН ДЕН

24. АВГУСТ (НЕДЕЛА)

19.30: Литванија – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК:https://www.youtube.com/live/mJ3Vr0e5ZQY?si=CuO8hRvV8as_x_Ag

19.30: Украина – Грција

Бугарија – слободна

25. АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК)

17.00: Бугарија – Литванија

17.00: МАКЕДОНИЈА – Украина

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/N6Rvfgx-wpk?si=YrjHZbW7W07Urlgp

Грција – слободна

*Сите натпревари се играат во Кошаркарскиот центар за развој „Ц2“ и „Ц3“ во Истанбул

МАКЕДОНИЈА НА ЕП – ВО ТУРЦИЈА

1.Теа Трајковска

2.Вања Милосављевиќ

3.Глориа Груевска

4.Ана Сарафилоска

5.Мила Начевска

6.Ива Димитријевиќ

7.Ива Колева

8.Нина Карајованова

9.Марија Димитровска

10.Кјара Анастасова

11.Сиандра Зиба

12.Јана Пислевска

СЕЛЕКТОР: Оливер Стојмановиќ

Асистент-тренер: Атанас Димов

Асистент-тренер: Јасмина Герасимовска-Николиќ

Физиотерапевт: Ана-Марија Јованова

Доктор: Ивана Хaрбов

Придружен судија: Ема Никочевиќ

ПретходноАрсими се засили со Семир Џемаили!(ФОТО)
СледноВечерва “новиот“ Реал Мадрид ја стартува сезоната во Ла Лига!