Кога доаѓа Вардар секако е фудбалски празник. Така беше и во петокот во Кавадарци. Силекс Тиквеш, силен Вардар, две навивачки групи, “зовриеана“ атмосфера, ете причина за најмалку 5.000-6.000 гледачи на трибините на Градскиот стадион во Кавадарци.
Прекрасна глетка од големата трибина, таму немаше игла кај да падне што се вели, преполно беше. Тие што задоцнија малку мораше да стојат цело време.
Навистина ова му треба на мак – фудбалот. Добра посета, добар фудбал, малку “закачки“ што вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и ете интерес за нашиот фудбал.
Сезонава добро тргна, само така нека продолжи.