ФФМ со поддршка за клубовите: Укината котизацијата за ВМФЛ!

526
ФОТО: FFM.MK

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе важна одлука со која се укинува котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига.

За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувањето.

Вкупната финансиска сума од која се ослободуваат клубовите со оваа мерка изнесува 128.000 евра за една натпреварувачка сезона, што претставува директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност.

Дополнително, имајќи предвид дека ФК Беса 1976 повеќе нема да се натпреварува во сезоната 2025/26, ФФМ донесе одлука испразнетото место да го пополни ФК Преспа. На тој начин, се гарантира заштитата на интегритетот, континуитетот и натпреварувачката рамнотежа, како и доследното почитување на фер-плеј принципите во Втора МФЛ.

ПретходноЕнрике во проблеми: Војната во Украина може да направи хаос во ПСЖ!
СледноФФМ потврди: И официјално Преспа е второлигаш!