Голманот на Башкими, Амир Јашар, е прогласен за играч на второто ПМФЛ коло. Чуварот на мрежата на кумановци имаше екстра партија изминатиов викенд на Арената против Работнички, кога спаси неколку ситуации и му овозможи на неговиот тим да победи со 0:2.
Покрај него во идеалните единаесет на втората рунда од нашиот домашен шампионат се наоѓаат и Личина исто така од Башкими, стоперот на Вардар, Мислав Матиќ, како и Бошковски од Пелистер.
Во средниот ред се наоѓаат Босанчиќ, Алими, Красниќи и Радески додека пак во нападот се Мемети, Адеми и Мато.