Ахмат Грозни со официјална понуда за Даниел Донгмо

784

Јавноста во Македонија последните 24 лиферуваше информација за статусот на Даниел Донгмо, играчот за врска на Вардар. Дека тој повеќе не е член на Вардар и дека наскоро ќе биде промовиран во нов клуб.

Од она што пак Спортспорт дојде како информација, дека ФК Вардар како официјална понуда за одличниот играч за врска доби од екипата на Ахмат Грозни од Русија.

Деталите од понудата секако дека се држат во строга тајност пред се поради професионалниот однос кон рускиот тим, каде што тренер е прославениот руски стратег Странислав Чершесов.

Дали пронудата ќе биде прифатена и дали Вардар ќе го направи еден од најголемите трансфери во ПМФЛ шампионатот во последните неколку години останува да видиме. Во секој случај, очигледно дека Вардар во моментов функционира и повеќе од солидно, па од клуб кој што пред шест месеци имаше проблем со опстанокот во домашшниот шампионат, стигна да продава играчи за стотици илјади евра.

 

ПретходноЈошко Миленкоски: “Донесовме нова радост, заслужено сме на ЕП!“
СледноДеспотовски во тимот на колото во Србија