Од денеска Арсими и офцијално има ново име во своите редови.Тоа е Семир Џемаили (22) кој доаѓа од Хрватска, од тимот на Хрватски Драговољац. Џемаили е роден во Госпиќ, а досега има играно и за, покрај Хрватски Драговољац и за екипите на Нехај Сењ, Иста Лучко, Горица и Госпиќ.
Најдобро се снаоѓа на левата бековска позиција.
Кога сме кај Арсими, да кажеме дека дебитантот во ПМФЛ на привите два меча освои еден бод. Играше нерешено со Башкими во Куманово и загуби дома од Струга ТЛ.