Со голот на Килијан Мбапе од пенал во 51. минута, Реал (М) стартуваше со минимална победа од 1:0 над екипата на Осасуна во последниот меч од првото сезонско коло во Ла Лига. Иако домашните беа подобар противник и креираа повеќе добри шанси за гол, сепак, само една беше успешно завршена за големи три бода на стартот на сезоната.
Осасуна и вечерва потврди дека е тврд ривал, а Реал се мачеше да обезбеди вистинска шанса за гол. Одлуката дојде во 50. минута, кога по еден несмасен старт во шеснаесетникот на гостите, Мбапе беше соборен, а потоа самиот ја презеде одговорноста и погоди за победа.