Она што се очекуваше и беше најавувано, од денеска е и официјално. ФК Преспа од Ресен во претстојната сезона 2025/26 ќе игра во ВМФЛ. Ова доаѓа откако Беса од Добри Дол, клуб кој лани играше во ПМФЛ и во баражот испадна, се откажа од учеството во новата сезона во втората лига.
Инаку шампионатот во ВМФЛ стартува претстојниот викенд со мечевите од 1.коло.
Исто така убава вест за второлигашите. По иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ клубовите од ВМФЛ се ослободени од плаќање на котизација.