Лоши вести за сите во таборот на кошаркарската селекција на БиХ пред стартот на ЕП. Имено и официјално Џанан Муса, најдобриот кошаркар на таа селекција сам објави дека нема да биде дел од селекцијата на својата земја на ЕП.
Имено тој се огласи и нагласи дека од здравствени причини нема да биде во можност да им помогне на своите репрезентативни колеги и на својата селекција да дојдат до што подобар резултат.
Инаку после оваа негова објава и Кошаркарската федерација на БиХ официјално објави дека ќе мора да се оди на ЕП без играчот на Реал Мадрид, Џанан Муса.
Вакво нешто и се очекуваше, ама денеска е и потврдено.