Браво: Одлична Македонија и победа против Унгарија! (ФОТО)

428

Македонија со победа против Унгарија со 82:75 ги заврши претквалификациите за пласман на СП 2027.

Ова беше последен меч од претквалификациите за пласман на СП 2027. Македонија вечерва во “Кале“ во Скопје одигра навистина добро, храбро, и тоа како ја посакуваше победата. И тоа ослабени со неиграњето на повредениот Мекиќ. Можеме само да жалиме што ова не беше решавачки меч за пласман понатаму, но Македонија ги загуби сите шанси со тие порази на тие три претходни меча.

Почетокот започна израмнето, но во средината од првата четвртина Унгарија дојде до водство од 12:15, но како одговор од Македонија дојде серија од 11:0 за да на крај да се дојде до 23:15. Вајли како по обичај ги диктираше настаните на теренот во нашата селекција.

Македонија со добра игра продолжи и во втората четвртина, Вајли го полнеше кошот на гостите, му се придружи на Ташовски па на пауза се замина со +13 поени за Македонија. Вајли заврши со 12 поени е Ташовски со два помалку, но избраниците на селекторот Марјан Илиевски и како тим одиграа две одлични четвртини.

Во продолжение од мечот Македонија и натаму играше сосема добро, малку Унгарците како се “стегнаа“ што се вели, ама ние и натаму имавме двоцифрено водство на две минути до крајот од третиот период. Во тие моменти и останатите наши кошаркари го даваа својот придонес.

И затоа по третата четвртина имавме 14 позитива, без разлика што Унгарија во овој период тргна со серија од 8:0.

Во последниот период, поточно во таа седма минута, имавме и +15 по забивањето на Вајли.

Тука беше ставена точка на оваа победа за Македонија.

Во нашиот табор најефикасни беа Вајли со 23 поени, Ташовски и Митревски реализираа по 14 поени.

 

 

 

 

No description available.

 

No description available.

 

No description available.

 

No description available.

 

No description available.

No description available.

ПретходноБиХ ќе мора на ЕП без Џанан Муса!
СледноПелистер во драматичен меч до реми против Тримо Требње!