Димитриевски побарал да си оди од Валенсија!

240
фото: Valencia 360° (X)

Сега е веќе готово. Столе Димитриевски побарал и официјално трансфер од Валенсија, едноставно побарал да си оди од клубот каде што во изминатата година и тоа како трпеше неправди. Македонскиорт репрезентативен голман во Валенсија дојде како големо засилување, како еден од најдобрите голмано во Ла Лига, но се случи Мамардашвили да остане а Македонецот добиваше очајна минутажа. И кога се мислеше дека со заминувањето на Грузиецот тој во новата сезона ќе биде прв голман, Валенсија и тоа нема намера да го испочитува па така Димтриевски и официјално побарал да си оди од клубот.

Јасно е дека за Столе ќе има понуди и има, само прашање што ќе бара сега Валенсија.

ПретходноРК Бутел се засили со младински репрезентативец на Јапонија!
СледноРуи Мота (Лудогорец): Ние сме фаворити, но Шкендија си има свои мотиви!