Замената за Тамба во Шкендија е Мазари

498

Еден од најдобрите фудбалери на шампионот Шкендија во моментов, напаѓачот Тамба е на излезни врати од Тетово и ќе прави сериозен трансфер во Турција.
Тоа остава простор во нападот на Шкендија, тим кој што се подготвува за играње на групна фаза или во Лигата на Европа или пак во Лигата на Конференции.

Токму затоа, адекватна замена е и тоа како потребна, а Спортспорт дознава дека изборот е паднат на Атхе Мазари.

Некогашниот играч на Работнички кој пред неколку месеци направи трансфер во тимот на Вараждин во Хрватска, би дошол како позајмен фудбалер во Шкендија.

 

ПретходноНаполи испрати официјална понуда за Елмас
СледноКире Ристевски и Али Адем ги засилуваат “Лавовите“!