Зубизерета не е повеќе спортски директор на Порто

66

Легендарниот шпански голман, Андони Зубизерета не е повеќе спортски директор на екипата на Порто. Ова го пренесуваат медиумите во Португалија, а ова може слободно да се каже дека се наговестуваше извесен период.

Зубизерета кратко е на оваа функција, од летото 2024 година, а ја презеде истата пред се поради блискоста, со претседателот Андре Виљаш-Боаш. Сепак, нештата тргнаа во погрешен правец по неуспешната измината сезона, како и лошиот пласман на Светското клупско првенство.

Меѓу потписите на Зубизарета со Порто се моменталниот најдобар стрелец на тимот, Саму Агехова, кој го донесе од Атлетико Мадрид, и играчот од средниот ред Габри Веига од саудискиот тим Ал Ахли Џеда.

Неговиот најголем трансфер во заминување беше оној на неговиот сонародник Нико Гонзалез, кој се пресели во Манчестер Сити на Пеп Гвардиола за околу 60 милиони евра.

ПретходноНикола Малешевиќ повторно во дресот на Пелистер
СледноНаполи испрати официјална понуда за Елмас