Кире Ристевски и Али Адем ги засилуваат “Лавовите“!

593
ФОТО: FC Struga/FB

Играчот за врска на Шкупи, Али Адем и дефанзивецот на Струга ТЛ, Кире Ристевски се пред промоција во таборот на Македонија ЃП. По двата стартнуи порази во новата сезона, „Лавовите“ одлулчија осетно да се засилат, па се решија за двајца квалитетни прволигашки играчи кои имаат и интернационална кариера, да го доведат во своите редови. Да потсетиме дека Ристевски во свое време беше и стандареден репрезентативец.

Познато е што се случува со Шкупи, па реално беше Адем да си побара нова средина, додека Ристевски и кај новиот тренер Бледи Шкемби не беше во преден план, па се реши да се пресели во Ѓорче.

Како што рековме Македонија ЃП со овие двајца и тоа како осетно ќе се засили.

Инаку „Лавовите“ во рамките на 3.коло во ПМФЛ ќе гостува во Кратово кај Силекс, во сабота од 17 часот.

ПретходноЗамената за Тамба во Шкендија е Мазари
СледноМилан го пронајде својот нов напаѓач во Баер Леверкузен