Очигледно дека единственото решение за спас на ситуацијата кога е во прашање македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е тој да се врати во Наполи. Клубот каде што ги доживеа звездените моменти во кариерата. Со оглед на фактот што Елмас не е ниту во пошироките планови на стручниот штаб во неговиот сегашен клуб Ред Бул Лајпциг, летово се вара и тоа како интензивно решение за негова преселба во друга средина.
Позајмицата во Торино заврши, овој клуб нема финансиска моќ да го испрати договорот на Елмас, па Наполи е веројатно единственото решение. Елиф секако дека нема да има ништо против да се врати во Неапол, каде што всушност и живее неговото потесно семејство, но во моментов тоа ќе биде само позајмица.
Информациите се дека Наполи се сложил на позајмица која што ќе ја плати 1.5 милиони евра и преземање на платата на Елмас, а потоа и евентуален необврзувачки откуп од 11.5 милиони евра на крајот од сезоната.
Наполи има проблем со напаѓачите откако Лукаку дефинитивно ќе биде во аут до ноември месец поради повреда.