Искусниот Никола Малешевиќ повторно ќе биде дел од кошаркарскиот клуб Пелистер.
Ова предмалку го објави клубот од Битола, додавајќи дека доведуваат добро познато име.
Малешевиќ во кариерата меѓу другите клубови има настапувано за Шљонск, ОКК Београд, Металац, Стеауа, Волунтари, Цибона… а ланската сезона ја мина во српскиот тим Слобода Ужице.
Тој веќе е пристигнат во Битола и почна со работа, неколку дена пред официјалниот старт на подготовките за следната сезона, закажан за наредната седмица.