Од Лудогорец очекуваат полн стадион и тежок натпревар со Шкендија

237

Бугарски Лудогорец тргна за Скопје на првиот натпревар од плеј-офот на Лигата на Европа против Шкендија. Мечот е закажан утре на националната арена, а Бугарите велат дека очекуваат доброисполнет стадион и тежок натпревар.

„Влегуваме во натпреварот очекувајќи тежок натпревар, но со оглед на искуството на Лудогорец, се надевам дека ние ќе бидеме конечниот победник. Очекувањата се полн стадион, домаќинот да добие сериозна поддршка, а ние ќе имаме и поддршка од нашите навивачи. Добрата работа е што реваншот е во Разград, каде што сум сигурен дека ќе добиеме сериозна поддршка“, изјави извршниот директор на Лудогорец, Ангел Петричев, пред заминувањето од аеродромот во Варна.

ПретходноВо меч без резултатско значење, Македонија сака победа над Унгарија
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: АЛЕКСАНДАР ПАВЛЕСКИ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.621.296 ДЕНАРИ