Охрид 2025: Шампионот тргнува против Тримо, Охрид и Партизан за втора победа

83
фото: ГРК Охрид (Facebook)

По трите вчерашни натпревари на отворањето на новото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, денеска следуваат уштре три нови пресметки во групната фаза.

Во првиот натпревар ќе се сретнат хрватскиот вицепрвак Нексе и првакот на Фарски Острови, Киндил. И двата тима вчера беа поразени, па денеска ќе се обидат да ја прокнижат својата прва победа.

Во 18.45 часот во вториот денешен меч ќе го проследиме и првиот меч на шампионот на Македонија, Е. Пелистер кој за противник го има словенечки Тримо Требње. И за двете екипи ова е прв меч на турнирот.

За крај на програмата, екипата на Охрид се среќава со белградски Партизан, откако и двата тима вчера тргнаа со победи.

Распоред на натпревари:

16:30 Нексе – Киндил

18:45 Еурофарм Пелистер – Тримо Требње

21:00 Охрид – Партизан

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: АЛЕКСАНДАР ПАВЛЕСКИ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.621.296 ДЕНАРИ
СледноЕКСКЛУЗИВНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ FLEX PAY И RIA MONEY TRANSFER – БРЗИ И СИГУРНИ ПАРИЧНИ ТРАНСФЕРИ СЕГА ДОСТАПНИ ВО FLEX PAY И ФИЛИЈАЛИТЕ НА FLEX CREDIT