Шампионот на Македонија, тимот на Пелистер со реми стартуваше на ОХРИД 2025. Имено тимот од Битола одигра 32:32 против Тримо Требње. Откако во првиот дел беше израмнето, сепак на пауза се замина со гол предност за гостинот од Словенија.
Во продолжение од средбата исто така се играше гол, натпреварот влезе во драматична завршница и кога се решаваше мечот, на неколку секунди до крајот, Пелистер успеа да постигне гол за реми, за 32:32.
Треба да се каже дека шампионот на овој меч настапи без неколку клучни играчи, како Кузмановски, Митревски…
Утре Пелистер од 21 часот ќе ги одмри силите со Вардар во вечното дерби.