Добра Македонија вечерва во “Кале“ во Скопје, каде се игра последниот меч од претквалификациите за СП 2027. И веднаш да кажеме дека на пауза се замина со наше водство од 45:32 против Унгарија.
Вајли со 12 поени секако дека беше предводник на нашата репрезентација, одличен беше и Ташовски со 10 поени.
Играме добро како во нападот, така и во одбраната.
Борбено, храбро, одважно,така се игра за Македонија. Штета што и пред да започне вечерашниот меч Македонија ги загуби сите шанси за пласман во квалификациите.
Избраниците на селекторот Марјан Илиевски се пред првата победа во последниот меч во овие претквалификации.