Македонија успеа да слави против Унгарија во својот последен меч од претквалификациите за пласман на СП 2027. Подмладената селекција вечерва во “Кале“ во Скопје, покажа дека на овие млади кошаркари и тоа како може да се смета.
Еден од најдобрите во нашата репрезентација беше Виктор Ташовски, кој реализираше 14 поени, кој по мечот изјави:
„Конечно до првата победа, можеби требаше и порано да се радуваме, но мора од некаде да се почне. Ова резултатски не значеше ништо на табелата, но за нас како репрезентација значеше многу. Време е да одиме напред, па со Господ напред да напредуваме, да се пласираме на едно Европско првенство. Одигравме фантастичен меч со голема енергија, покажавме дека имаме квалитет, верувам дека тој квалитете со време ќе се надоградува и ќе напредуваме“