29-годишниот лев бек, Финскин Зука е најновото засилување за екипата на Башкими. Новиот македонски прволигаш објави уште едно засилување за тимот, кој во првите две кола од новата сезона не знае за пораз (една победа и едно реми).
Зука минатата сезона го носеше дресот на екипата на Гостивар, а претходно играше и за Македонија ЃП, Ренова, Шкупи и Работнички.