Федерико Киеза наводно одлучил да остане во Ливерпул ова лето откако стана јасно дека ќе си замине Луис Диаз.
Киеза, кој минатото лето му се приклучи на Ливерпул за 10 милиони фунти, се поврзуваше со заминување од „Енфилд“ поради слаба минутажа.
Фабрицио Романо известува дека Киеза ги информирал „црвените“ за својата желба да остане на „Енфилд“ и покрај то ашто не игра многу во првиот тим. Тој му рекол на Слот дека би можел да игра важна улога оваа сезона.