Утре започнува 10. издание на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп

24
фото: РК Прилеп 2010 (Facebook)

На официјална прес-конференција, РК Прилеп го најави одржувањето на јубилејното издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Турнирот започнува веќе утре, а ќе трае до 24 август. Во Прилеп на ова 10. издание во чест на прилепската ракометна легенда, ќе настапат вкупно шест екипи, меѓу кои и белградска Црвена Звезда која е му даде и интернационален карактер на настанот.

Покрај домаќинот Прилеп, на турнирот ќе настапат и екипите на Тиквеш, Бутел, Пролет и вториот тим на Е. Пелистер.

Организаторите соопштија дека учесниците се поделени во две групи. Во првата ќе бидат: Прилеп, Бутел и Тиквеш, додека во втората: Црвена Звезда, Пролет и Е. Пелистер 2.

Утре на отворањето на турнирот првиот меч ќе се одигра од 18 часот меѓу Пролет и Е. Пелистер 2, а по него од 20 часот домаќините Прилеп ќе се сретнат со Бутел.

ПретходноЦ. Звезда загуби дома во европските квалификации за првпат по 9 години
СледноИсак го обвини Њукасл дека го излажале, клубот му одговори: Врати се на тренинг!