Беќири: Притисокот е помал, но сеуште имаме пред себе императив да одиграме најдобро

115

Македонскиот шампион, тимот на Шкендија, утре на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра првиот од двата меча во рамките од плеј офот за Лигата на Европа против тимот на Лудогорец од Бугарија.

По елиминацијата во квалификациите за Лигата на Шампионите, Шкендија сега ќе се обиде да стигне минимум до групната фаза од Лигата на Европа.

„Нормално дека не очекува тежок натпревар, затоа што имаме противник кој што редовно е дел од групната фаза од некоја од Европските лиги. Нормално е да се даде максимум затоа што не секој ден се игра ваков меч. Како што ќе играме утре, очекувајте така да играме и во домашниот шампионат. Освен ТНС со кого игравме на премиерата ова лето во Европа, и кој реално е тим под нашето ниво, се останато почнувајќи од Стеауа, се е на највисоко ниво. Јас сум презадоволен од она што досега го игравме, освен еве можеби од оној меч против Карабах на гостински терен“– изјави шефот на стручниот штаб на Шкендија, Јетон Беќири пред утрешниот меч.

„Нормално дека сега притисокот е помал, со оглед на фактот што веќе ние имаме обезбедено Конференциска лига. Но тоа не ја намалува нашата одговорност за изданието во Баку. Грешките мора да се исправат. Противниците се силни. Тоа се екипи кои можат да те казнат неколку пати во две три минути. Еве видовте вчера што направи и како одигра Карабај против Ференцварош“ – додаде Беќири.

„Ја собравме секоја можна информација за Лудогорец. Лани ги проследив двата дуела против Балкани. Сепак, имаат многу измени, играчки, тренерски. Знаеме како играат, кои се силни страни, но и кои се слаби страни на противникот. Фаворити се на хартија, но ние ќе направиме се за да се претставиме во вистинско светло. Ние мора да собереме што е многу повеќе искуство затоа што Шкендија мора да расте како клуб. Ништо нема преку ноќ“ – поентираше Беќири.

Од друга страна на официјалната прес конференција на Шкендија се појави и Решат Рамадани.

„Се подготвуваме максимално. Знаеме против кого играме, и за каков противник се работи. Анализиравме, се подготвуваме и очекувам наша добра претстава утре“ – изјави Решат Рамадани.

ПретходноХаверц повторно се повреди
СледноДенковски заминува во Хрватска