Некогашниот голман на младата репрезентација на Македонија, Давид Денковски ќе ја продолжи својата кариера во Хрватска. Ќе потпише договор со тимот на Горица, каде што ќе се бори за место односно за минутажа.
Тој последно беше дел од тимот на Шкупи, но летово си замина од таму и ќе го има своето прво клупско интернационално искуство.
Денковски беше стандарден во младинските селекции на Македонија, и последно бранеше во квалификациите на У21 репрезентацијата.
Беше дел од Вардар, Брера, Брегалница, Кит Го, Шкупи….