Утре од 20 часот нашиот шампион го дочекува Лудогорец во првиот меч од плеј – офот во Лигата на Европа. Натпреварот на Арената “Тодор Проески“ се очекува со голем интерес, ако се знае дека победникот од овој двомеч ќе игра во лигашката фаза во ЛЕ, а поразениот во ЛК.
Пред утрешниот меч во Скопје, стратегот на бугарскиот шампион, Руи Мота на прес – конференцијата покрај другото истакна:
„За жал не можеме да сметаме на Дуа, Андерсон и Камара, но затоа сите останати се во комбинација. Јас бев тука лани кога бев тренер на Ноа. Ова ќе биде тежок меч, јас се надевам дека ќе успееме да победиме. Да, на хартија мојот клуб е фаворит, но тоа ќе треба да се покаже на теренот. Од друга страна Шкендија си има свои мотиви, тие играат сосема различно од оние екипи со кои досега игравме“истакна Руи Мота.