Арсенал доби супер засилување: “Кражба“ во Лондон вредна 80 милиони евра!

258
ФОТО: BRFOOTBALL/X

Кога се чинеше дека трансферот на Еберечи Езе од Кристал Палас во Тотенхем е завршена работа, се случи повредата на Каи Хаверц. И тогаш Арсенал за само едно попладне или вечер, или само неколку часа успеа да ја направи една од најголемите фудбалски “кражби“ во Лондон,вредна 80 милиони евра и да му зададе болен удар на својот најголем ривал.

Да го договори трансферот на еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата. Сега остануваат само формалностите и Езе деновиве прво ќе оди на лекарски прегледи а потоа и на потпис во Арсенал.

Со овој трансфер Микел Артета стигна до 300 милиони евра за засилувања ова лето и сега нема оправдувања, оваа сезона мора да ја донесе титулата на „Емирејтс“.

ПретходноКога го нема Меси тука е Суарез: Интер Мајами се пласираше во полуфиналето на Лига Купот! (ВИДЕО)
СледноТренерот на Лудогорец многу добро ја знае Шкендија, има две победи против тетовци!