Селекторот на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, Адис Бечирагиќ, одбра 12 кошаркари кои ќе ги бранат боите на земјата на претстојниот Евробаскет.
Во изборот на 12 патници на континенталното натпреварување се најдоа: Миралем Халиловиќ, Јусуф Нуркиќ, Един Атиќ, Амар Гегиќ, Кенан Камењаш, Амар Алибеговиќ, Александар Лазиќ, Адин Врабац, Ајдин Пенава, Аднан Арсланагиќ, Џон Роберсон и Тарик Хреља.
Џанан Муса, Лука Гарза и Ксавиер Кастанеда нема да бидат во нациоанлниот тим на БиХ.
На Евробаскетот кој се отвора на 28 август, БиХ ќе игра против домаќините од групата Ц, Кипар, по што следат дуели со Шпанија (30 август), Италија (31 август), Грција (2 септември) и Грузија (4 септември).