Дончиќ немоќен против Јокиќ и другарите: Словенија „здробена“ на контролата во Белград

91
фото: Eurohoops Türkiye (X)

Кошаркарите на Србија со сите победи во подготвителниот период, одат на Европското првенство. Вечерва во последната контрола на домашен терен ја декласираа Словенија со 106:72 (33:23, 21:13, 30:20, 15:16) и покажаа зошто сите во нив го гледаат најголемиот фаворит за златниот медал на Евробаскетот.

Многумина нетрпеливо го очекуваа судирот меѓу НБА „гигантите“ Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Најдобриот играч на светот денеска главно делеше асистенции во првото полувреме, а од друга страна, доколку гостинскиот тим го немаше асот на Лејкерси, Словенците ќе беа тотално декласирани.

Во селекцијата на Србија најефикасен играч беше Никола Јовиќ со 18 поени и седум скока, Јокиќ заврши со 10 поени, додека Богдан Богдановиќ додаде 14 поени.

Најдобар стрелец за словенечката репрезентација беше Лука Дончиќ со 17 поени, Радовиќ постигна 13 поени, а Клемен Препелиќ додаде 10 поени.

ПретходноПрилеп 2025: Победи за домаќинот и младите надежи на Пелистер
СледноМота: Губевме топки, многу грешевме, Шкендија покажа дека е силен тим