Имане Келиф ја заврши својата боксерска кариера!

101
Twitter

Минатото лето името на Имане Келиф, боксерката од Алжир посебно за време на ОИ во Париз и после тоа, беше едно од најспоменуваното во светот на спортот откако го го освои златниот медална женскиот боксерки турнир.

Дали е жемна или маж? Се водеа дебати, имаше од се по нешто. Келиф дури се закани дека ќе го тужи секој кој што ќе каже дека е маж. Во својот Алжир таа беше пречекана како хероина.

Во меѓувреме дел од светските спортски асоцијации, во САД беа најригорозно, пренесоа дека случајот со Келиф нема веќе никогаш да се повтори откако ќе се воведат нови прописи.

Што се однесува до Келиф, таа просто уживаше во својот историски успех и многу не се “замараше“ со боксот.

Инаку се чини дека толку од нејзината боксерска кариера. Нејзиниот менаџер Насер Јесфав изјави дека таа одлучила да ја заврши кариерата.

ПретходноЛевски го пријави Серафимов за мечевите од плеј-офот во ЛК против АЗ Алкмар!
СледноСамо во Јужна Америка: Хаос во Аргентина на меч од Копа Судамерикана! (ВИДЕО)