Иако настапи без Лео Меси, кој сеуште се жали на повреда, Интер Мајами успеа со 2:1 да го победи составот на Тигрес и да се пасира во полуфиналето на Лига Купот во Северна и Централна Америка.
Кога го нема Лео, тука е Луис Суаерез кој беше стрелец на двата гола за тимот од Флорида, и двата од пенал.
Прво во 23.минута легендарниот Уругваец од белата точка реализираше за 1:0. Во 67.минута Кореа израмни на 1:1, за да во самиот финиш на мечот, во таа 89.минута Суарез, исто со удар од белата точка донесе триумф на Интер Мајами од 2:1 и пласман во полуфиналето на Лига Купот.